Месецот Ноември со својот есенски спектар од бои во природата беше доволен мотив да воспитниот тим од нашиот објект со нивната креативност да создадат прекрасен, есенски пејсаж за куклена претстава. Низ куклената претстава со наслов „Доцна есен во шумата“ децата се едуцираат за промените, како за природата така и за животинскиот свет во шумата. Топлиот сончев зрак во овој есенски ден им овозможи да се расположат и забавуваат во природата на нашата градинка.