Почетокот на новата учебна година во објектот „ Кокиче “ го одбележавме со приредба од деца за деца „ Добро ни дојдовте другарчиња“. Со музички точки и рецитали, децата уживаа во дружењето. Учество во приредбата земаа дечињата од сите групи на возраст од 2-6 години. На приредбата топло добредојде им посакавме и на училишните деца од 6-10 години згрижени во објектот „Кокиче“.