Дали сте знаеле дека цветот од цреша е симбол на новиот живот во земјата на изгрејсонцето. Црешата е симбол на среќата, минливоста и чистотата според некои верувања.
Пролетта е годишно време во кое природата се буди, сѐ цвета сѐ се радува. Децата од објект „Бубамара“ доаѓањето на пролетта го одбележаа со засадување на цветни и овошни садници во дворот на градинката. Засадивме цреша со што упативме јасна порака дека сакаме чиста и здрава природа, во која ќе мине и исчезне секој вирус и бактерија, а децата ќе имаат среќно и безгрижно детство. Благодарност до сите родители кои ни помогнаа во оваа реализација.
Децата ја прават магијата во градинката.