Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, радост и иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде безусловна поддршка.
Одговорноста за децата е на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме на вистинските вредности во животот.
Децата во објектот „Развигорче“ преку разни активности ќе ја одбележат Детската недела под мотото „Јас избирам здравје, а ти?“. Прва од овие активности беше цртање на плочник каде што тие своите пораки ги преточија во цртеж.