Насмевките на лицата на децата се доволен мотив да продолжиме да правиме мали Дела на Добрина секој ден, секој миг за сите деца. Нема поголема мисија од таа да им донесеш радост на децата на било кој начин и во било кое време.

Инспирирани од меѓународната Детска недела, а која е посветена на децата ширум светот и оваа година во нашиот објект ,,Кокиче” организираме низа на активности се со цел да ја поттикнеме свеста кај децата за нивните права и обврски.Во заедничкото дружење испративме пораки до сите деца во светот, да бидат среќни и здрави, преку цртање на плочник, следење на куклената претстава : ,,Непотребна расправија” Одбележивање на Ден на учителоти и дружење со лекар стоматолог.Мисијата продолжува …