Дури ни лошата пандемија не ги спречи најмладите да го одбележат Денот на шегата. Почитувајќи го протоколот, со нови бујни идеи и креации, децата се потрудија да внесат веселост во овој пролетен ден. По некоја пеперутка, принцеза од бајките, јунаци и херои од цртаните филмови, но и медицински сестри и лекари, го разубавија нашиот двор. Не изостанаа ниту пиратите, морнарите, смешниот кловн и ангелчињата кои сите заедно приредија забава полна со првоаприлски шеги.