Во периодот од 21.03-25.03. во нашиот објект се реализираа низа активности со кои дечињата и воспитно згрижувачкиот тим ги одбележа деновите на пролетта. Секој ден беше исполнет со различни активности: -садење цвеќе -садење зеленчук во органска градина -приредба од деца за деца -собирање и сортирање на отпад -чистење на занимални и двор -делење флаери -еко патрола -следење на тетарска претстава „Убавче и Гревче“ Пролет, пролет, дојде веќе, ни донесе китки цвеќе, сончев блесок како злато, распеани птици јато, по дождот како мост што стои, бујна трева в ширно поле, развигорец, весел, волен… Пролет, пролет, дојде веќе, ни донесе китки цвеќе.