Почитувани,

На ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово, ќе и претставува голема чест и огромно задоволство доколку со своето присуство ја збогатите прославата по повод јубилејот „500 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА НАШИОТ ГРАД – КУМАНОВО“, на кој ќе настапат децата со својот слет под мотото: „ВЕТРОТ НА БЕСКОНЕЧНОСТА“.

Ве покануваме да ја проследите нашата јубилејна програма со настап на 400 деца кои ќе ја испратат пораката дека детството, грижата, љубовта и играта се нераскинливо поврзани во бесконечност.

По завршување на свечената програма, Ве покануваме на скромен коктел во објект „Развигорче“ во близина на Спортската сала.

Ве очекуваме со радост!

Директор,

Марина Алексовска