Во градинка “Развигорче”започна едукација на децата на возраст од 5-6год. под наслов “Безбедност на децата во сообраќајот на улица, дома итн”, од страна на Отсек за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Дечињата учеа за правилата во сообраќајната култура и етика со цел создавање на нови генерации со поголема сообраќајна култура.