И З В Е С Т У В А Њ Е

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ,

Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово Ве известува дека Советот на Општина Куманово на 27.05.2020 година донесе Одлука според која надоместокот за материјалните трошоци за децата кои ги користат услугите на Установата кои ги плаќа родителот – корисник на услугата нема да се наплаќа за периодот од 11-ти март 2020 година до повторното отворање на Установата.

На родителите кои имаат извршено уплата за месеците март и април 2020 година, финасиските средства ќе им бидат пренесени/засметани авансно за период од отпочнување со работа на Установата.

 На родителите кои ги имаат испишано своите деца, а имаат уплатено за месеците март и април 2020 година, финансиските средства ќе им бидат рефундирани на нивните трансакциски сметки, по 15-ти јуни 2020 година, за што телефонски ќе бидат исконтактирани.