Љубопитност и иницијативност

  • да се поддржува интересот на детето за постојан стекнување на нови искуства;
  • да се поддржува љубопитноста и задоволството во истражувањето на нови предмети;
  • да се поттикнува иницијативноста во решавањето на едноставни проблемски ситуации;
  • да се поддржува самостојноста во одредени активности на детето во согласно со развојните можности;
  • да се развива интересот кон луѓето и предметите во непосредната околина;
  • да се поттикнува интересот кон нови ситуации кои во моментот се случуваат;
  • да се мотивира за учење нови работи преку игра.

Креативност и истрајност

  • Да се поставуваат основи за развој на истрајноста низ процесот на откривање и учење;
  • да се поддржуваат одредени обиди на упорно настојување за откривање на нови искуства;
  • да се поттикнува интересот за учење преку игра;
  • да се поддржува потребата за користење на различни играчки и материјали во процесот на учењето;
  • да се поддржуваат во разни начини на сопствено изразување преку игри, слики,  песна, музика и движење.