Груб моторички развој

  • Да се оспособи детето да седи и да се движи користејќи ги предметите околу себе
  • да се охрабрува детето вообидите да лази и со придржување да стане;
  • да се оспособува да ги користи рацете и нозете за промена на положбата на телото;
  • да се поттикне самостојно да оди исправено;
  • да се поттикне да ги извршува основните сложени активности: седење, станување, клекнување, одење;
  • да се развива способност за користење на деловите од телото при извршување на секојдневни активности: качување, симнување, исправување;
  • да се оспособува да ги користи моторичките вештини за движење за да ја постигне посакуваната цел;
  • да се оспособува за ориентирање во просторот во однос на објектите околу него;
  • да се оспособува самостојно со двете стапала да се качува и симнува по скали со придржување;
  • да се охрабрува да прави неколку чекори наназад;
  • да се развива способноста да турка и фрла на топка над главата, да шутира топка со придржување;
  • да се оспособи да го менува правецот на движење со цел;
  • да се развива способноста да турка и влече предмети и играчки кога оди;
  • да се оспособува да се протнува и провлекува под подвижни и неподвижни објекти;
  • да се развива способноста да ги заобиколува поставените објекти.

Фин моторички развој

  • Да се поттикнува детето кон користење на прстите во секојдневните игри и активности;
  • да се поттикне да фрла топка со двете дланки;
  • да се оспособи да држи предмети со двете дланки;
  • да се оспособи да раздвојува едноставни играчки;
  • да се охрабри детето да ја отвора вратата (кваката);
  • да се развива способност да фаќа и да подига играчки и предмети и да ги преместува;
  • да се оспособи самостојно да врти страници од сликовница;
  • да се развива способност да ја стега дланката;
  • да се поттикне кон наизменично користење на двете раце;
  • да се развива способноста да одвртува или завртува играчка на навивање;
  • да се поттикне да го држи моливот со палецот и показалецот;
  • да се поттикне да ракува со коцки, да ги реди;
  • да се охрабри да реди и сложува делови од играчки, сложувалки;
  • да се оспособи да собира мали предмети;
  • да се оспособи самостојно да ја држи лажицата.

Здравје и безбедно однесување

  • Да се поттикнува детето да ги мачка рацете со сапун и да ги трие;
  • да се поттикне да ја соблекува или облекува облеката кога чувствува топло, ладно;
  • да се охрабри со помош да се облекува;
  • да се охрабри да ги препознава знаците за топло, ладно и соодветно да реагира на истите;
  • да се поттикнат способности за препознавање опасни предмети и ситуации.

Сензомоторен развој

  • Да се развива умешноста на детето за користење на сетилата при секојдневни рутински активности (при облекување, исхрана, играње, пеење и сл.);
  • да се поттикнува сетилното доживување на околината;
  • да се развива сетилото за допир, вкус и мирис;
  • да се оспособува да ги координира движењата според слушаната музиката;
  • да се поттикне да ја следи промената на предметите во своето видно поле.