Проектот „Стекнување на здрави животни навики и безбедно однесување“, придонесува за: развивање на свесност за здраво и безбедно однесување и грижлив однос кон надворешната околина; развивање на самостојност при извршување на секојдневните активности и превземање на одговорност во грижата за лична хигиена и при извршување на сукцесивни дејствија; стекнување на вештини за социјално прифатливо и пристојно однесување во интеракција со другите и практикување на здрави животни стилови; развивање на способности за прифаќање на различности во однесувањето, чувствата, ставовите, навиките кај децата.

Се реализира со деца во групите од оддел Градинка во сите објекти и центри за ран детски развој.