Социјален развој

  • Да се поттикнува детето да се запознае со својот воспитувач и негувател, со занималната, центрите за учење, играчките и средствата во нив, санитарниот јазол;
  • да се запознае со дневниот распоред и дневните активности;
  • да се поддржува да се запознае со другарчињата од групата;
  • да се поттикнува да негува позитивни чувства кон членовите на семејството;
  • да се поттикнува кон отворено и спонтано контактирање со лицата во околината;
  • да се поттикнува на развивање на односите: дете – возрасен, дете – дете;
  • да се поттикнува да се вклучува во заеднички активности (особено во помали групи);
  • да се поттикнува да се чувствува слободно во игри со деца и возрасни лица;
  • да се оспособува кон запознавање на некои основни правила на однесување;
  • да се поттикнува да се запознава со неколку обврски во групата и семејството;
  • да се поттикнува за правилно консумирање на храна;
  • да се поддржува кон развивање на културно – хигиенските навики.

Емоционален развој

  • Да се поттикнува детето на негување лична автономија;
  • да ја развива свесноста за идентификација на своето име, за деловите на своето тело и неговите функции;
  • да се поттикнува да развива свест за себе во однос на другите лица;
  • да се поттикнува да развива свесност за својот полов идентитет;
  • да се охрабрува да стекнува доверба во своите можности, во почетоците на градењето на својот идентитет;
  • да се оспособува да прифаќа разделби без бурно реагирање;
  • да се поттикнува на отвореност кон нови доживувања;
  • да се поттикнува да ја развива способноста за препознавање позитивни и негативни чувства;
  • да се поттикнува на развој на чувствата на: сигурност, прифатеност и заштитеност во групата;
  • да се поттикнува кон развивање на позитивните емоции: љубов, радост, задоволство;
  • да се поттикнува кон способноста за намалување на моментниот интензитет на негативните емоции.