Љубопитност и иницијативност

  • Да се поддржува љубопитноста на детето кон новите предмети и настани во опкружувањето;
  • да се поддржува во настојувањата да изведува посложена задача ако покаже интерес за тоа;
  • да се поттикнува кон поставување прашања за непознати предмети, лица и настани во моментот на набљудувањето;
  • да се поттикнува иницијативноста при изборот на материјалите за учечки и истражувачките активности;
  • да се развива индивидуалниот пристап во обидите за решавање на проблемски ситуации;
  • да се поддржува иницијативата за користење на различни извори на информации.

Креативност и истрајност

  • Да се поттикнува упорноста на детето да стекнува нови искуства низ активности на истражување;
  • да се поттикнува и негува истрајноста во откривањето и во учењето;
  • да се поттикнува на различни начини да ги изразува своите идеи, мисли, чувства;
  • да се поттикнува да го користи стекнатото искуство во процесот на учењето;
  • да се оспособува за користење на различни играчки, предмети и средства и во изразувањето на сопствените идеи.