Установата обезбедува и услуга за продолжен престој за деца според потребите и работното време на корисниците на услугата т.е. родител/старател.

Децата престојуваат во комбинирана група (0 – 6 години) од 12:00 – 22:00 часот во Објектот Синоличка.

На децата им е обезбедено два (2) оброка (ручек и вечера) и две (2) ужини, организирани воспитно-образовни активности, дневен одмор и слободни игри.