На 04.12.2018 година во објектот Славејче, се спроведе хуманитарно – едукативна и продажна изложба „Базар во градинка“ на која беа изложени разновидни предмети од природен и рециклиран материјал. Изработките се резултат на заеднички активности на децата, нивните родители и вработените.
Целта на овој базар беше собирање на парични средства за деца од ранливи категории.