По повод одбележување на месецот на книгата (15.10 – 15.11.2018год.) децата од средните и големите воспитни групи од сите објекти на установата, остварија средба со детските писатели Стојан Тарапуза, Горјан Петрески и Нертиља Питарка. Писателите на дечињата им прочитаа извадоци од своите најпознати творби за деца, ги запознаа со професијата писател и одговараа на бројните прашања на заинтересираните дечиња.