Во рамки на Спортски активности од Европска недела на спортот на 27.09.2018 год. во објектот Пчелка се спроведе активност „Секаде различен спорт“.
Дечињата од големите и училишните групи од објектот се сретнаа со спортист кој ги запозна со значењето на физичката активност за нивен правилен раст и развој и им ги објасни основните правила на различни спортски игри.