Во периодот од 14.05 – 18.05.2018 год. згрижувачкиот тим на објект Бубамара го исцрта и избои плочникот во дворот на градинката и истиот го прилагоди во полигон за спортски и сообраќајни игри и активности за децата. Полигоните го привлекоа детското внимание, а на секојдневната детска среќа и задоволство им нема крај.