Почитувани,

На ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово ќе и претставува голема чест и огромно задоволство доколку со своето присуство на ден 11.05.2018 г. (петок) со почеток во 12:00 часот во Спортска сала – Куманово, ја збогатите нашата прослава по повод шест децении постоење, работа и создавање дела за нашата градинка, каде генерации деца се дружат, забавуваат истовремено учат низ игра и растат.

Ве покануваме да ја проследите нашата јубилејна програма со настап на 450 деца кои ќе ја испратат пораката дека детството, грижата, љубовта и играта се нераскинливо поврзани.

Ве очекуваме со радост!

Директор,
Марина Алексовска