Почитувани,

Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово, Ве поканува да присуствувате на традиционалниот настан Игри без граници кој ќе се одржи на 04.10.2018 год. во спортската сала во Куманово, со почеток во 11:30 часот.

Игрите се со забавен и натпреварувачки карактер, а учесници се детски градинки од Република Македонија и тоа: „Ангел Шајче“ – Куманово, „7 Септември“ – Пехчево, „23 Август“ – Берово, „Детелинка“ – Крива Паланка, „Астибо“ – Штип, „Детска Радост“ – Скопје, „Кочо Рацин“ – Скопје и „Бубамара“ – Скопје.

Ве очекуваме со радост!

Директор,
Марина Алексовска