На 19.11.2019 год. во објектот „Пчелка“ се одржа семејно креативна работилница со хуманитарен карактер, во рамки на проектот „Од дете за дете“ со наслов „Есенски украси“. На работилницата децата заедно со своите родители подготвија различни видови изработки од природен материјал.