На 16.11.2018 год. во хотел Континентал, Скопје, се оддржа традиционалниот Еко-самит 2018 во организација на Министерство за образование и наука преку Канцеларија на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ на кој на нашата установа по трет пат официјално и беше доделено интернационалното признание на еко градинка со статусот на „Зелено знаме“.
Наградата произлегува од успешна реализација на содржините од програмата „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем“, имплементирани во редовната воспитно – образовна работа на Установата, за учебната 2017-2018 година.