Нашата планета Земја со сите природни убавини ни дава добро здравје и живот и заслужува посебно внимание. Затоа децата од ЈОУДГ „Ангел Шајче”-Куманово, на 22 април 2020 год.,  во семејна атмосфера, го прославуваја нејзиниот  50-ти роденден и своите желби и честитки ги преточија во креативни творби и порачаа: Не фрлај отпад било каде- селектирај, рециклирај,забавувај се! На фабричките оџаци, филтри да се ставии! Сочувај ја планетата Земја: засади дрво, засади цвет, засади ја својата иднина!  Секој зелен лист ни дава воздух чист! Со секој засаден цвет, пошарен е нашиот свет! Чиста почва, вода и воздух  лекари се три!