По повод одбележување на месецот на книгата (15.10 – 15.11.2019год.) децата од сите објекти на установата, остварија средба со детските писатели Нина Андова Шопова, Ана Голејшка Џикова и Исмаил Биљали. Писателите на дечињата им прочитаа извадоци од своите најпознати творби за деца, ги запознаа со професијата писател и одговараа на бројните прашања на заинтересираните дечиња.