Во објектот „ Детелинка“ беше реализирана активност со наслов „ Си играме со тато“ на која присуствуваа двајца родители на деца од средна група. Во текот на активноста татковците споделија интересни случки со децата од периодот кога биле малечки. Децата ги нацртаа гостите, а дружењето го завршија со заеднички подвижни игри.