На 18.04.2019 година во објект Бубамара се одржа пролетна креативна работилница на  тема „Пролетно декорирање на производи, форми и предмети од глина“. На  работилницата децата можеа да ја ослободат својата детска фантазија и заедно со своите родители да ја покажат својата креативност. Со оваа работилница воспитно – згрижувачкиот тим на објект Бубамара го означи почетокот на новата интерна проектна активност насловена „Земја“ на која ќе се работи во периодот што следи.