По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, дечињата од ЈОУДГ „ Ангел Шајче“ традиционално го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто“. На штитениците и вработените со пригодна приредба им го честитаа празникот, а на штитеничките од домот им беа врачени честитики изработени од нашите дечиња и нивните учителки.