Дечињата од големите групи од објект „Кокиче“ при ЈОУДГ „Ангел Шајче“- Куманово, со мини забава преку игра и песна, пред своите родители се поздравија со своите воспитувачки и негувателки и заминаа во пресрет на нови предизвици кои ги очекуваат во текот на понатамошното образование. Оваа година на дечињата од објектот „Кокиче“ им се придружија и дечињата мини матуранти од објектот „Изворче“.