Децата од сите објекти на нашата установа со пригодни приредби „од деца за деца“ низ игра и песна го одбележија Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.

Традиционално како и секоја година, група на деца од секој објект заедно со своите учителки се дружеа со Директорката и вработените од објектот „Развигорче“.