На 19.11.2019 год. во објектот Развигорче се одржа семејна креативна работилница со хуманитарен карактер, во рамки на проектот „Од дете за дете“, насловена „Есен во нашата занимална“. На работилницата дечињата со своите родители подготвија вкусни овошни и зеленчукови салати од есенски плодови и направија изработки од рециклиран материјал.