По повод денови на екологија децата од објект Бубамара со своите учителки во соработка со ЈП Чистота и зеленило – Куманово организираа пролетно чистење на јавната површина паркинг пред самиот објект. Со оваа активност тие испратија предизвик до своите другарчиња од објект Пчелка да организираат дополнителна активност од областа на екологија со цел подигнување на јавната свест и одговорност за почисто и уредно Куманово. За реализирање на оваа активност дадоа придонес и родителите кои донираа цветни садници.